Сенки во подземјето
Автор:
Марија Ралповска
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Сенки во подземјето |
Бр. на страни:
271 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Тенка е линијата меѓу доброто и злото, во свет што го движи криминалот. Приказните на банкарот, криминалецот и јавниот обвинител се испреплетуваат. Тројцата немаат ништо заедничко, освен жената по која се во потрага. Таа е плен, а тие се ловците. Или, можеби, е обратно? Обидувајќи се да ја откријат и да ја фатат, тројцата ќе мора да играат надвор од рамките на правилата и на законите. Дали целта ги оправдува средствата? Каде е црвената линија што обвинителот нема да ја премине во оваа опасна игра? А ако го стори тоа, ќе успее ли да се врати назад?
„Дојде за да го видиш мојот крај?“
„Немаше друг начин.“
„Умирам.“
„Жал ми е.“
„Навистина? А дали ти е жал и за сите оние што ги уби?“
Оценки
Сѐ уште нема оценки.