Шаманизмот во македонската народна традиција

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Ана Витанова-Рингачева | Бр. на страни: 305 | Димензии: 25 | Корица: /

Шаманизмот во македонската народна традиција“ е научен труд со повеќеслојна структура и содржина. На крајот се објавени и фолклорисички и етнографскии прилози. Овој труд го претставува шаманизмот како културен и религиозен феномен, во неговите основни историски и културни видови, почнувајќи од неговата генеза, па сè до неговата рефлексија врз животот на дадена зедница. Во заклучниот текст, авторката, меѓу другото, пишува: „Шаманизмот како специфична техника на екстаза и магиска практика претставува мистичен феномен, кој подразбира екстатично патување на човекот-шаман во светот на духовите и способност за општење со светот на оностраното. Иако шаманизмот како религиозен феномен нема да се издигне на степен на религија, елементи од шаманското екстатично искуство се наоѓаат во основата на сите доминантни религии. Шаманзимот како архаична техника на екстатично патување е присутен како `преживелица` во македонската народна традиција. Фолклористичката и етнографската граѓа која беше предмет на анализа, само ја потврди тезата дека реликти од шаманизмот се препознаваат во многу слоеви од македонскиот обреден и приказничен фолклор. Истражувањето на шаманистичките елементи во наши локални рамки и разоткривањето на нивното директно влијание врз обичаите и верувањата кај македонскиот човек, покажа дека се работи за универзален обреден комплекс, вграден во човековото духовно искуство.“ Д-р Нина Анастасова Шкрињариќ, во предговорот на книгата, меѓу другото, пишува:„Книгата претставува импозантна научно-истражувачка расправа за шаманизмот согледан какосвоевиден „културен остаток“ од првобитните култури, којшто опстојува во народната култура насовремените народи...

Цена: 400 ден

0 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Шаманизмот во македонската народна традиција

Категории: ,
ИСБН: 978-608-252-110-7

Questions and Answers

You are not logged in