Синови и љубовници

Издавач: Ѓурѓа | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Sons and Lovers | Бр. на страни: 176 | Димензии: 14x20 | Корица: мека

Романот Синови и љубовници на Д. Х. Лоренс е еден од најраните и најистакнати модернистички примери во светската литература на книжевно вообличување на проблематиката на фројдовското поимање на сексуалноста. Но, не само тоа. Тој може да се чита на неколку различни нивоа: како роман за љубовта и сексуалната привлечност меѓу половите и своевидна студија за Едиповиот комплекс, како психоаналитичка автобиографска сеанса, како реалистична анализа на општествената состојба во британските рударски региони во почетокот на ХХ век, како одбрана на маргинализираните и поинаквите, како студија на карактери, како апологија на природноста и книжевен израз на пејзажната убавина, како психолошка семејна драма... 
 
 
Таквата комплексност придонела овој роман заедно со контроверзниот роман Љубовникот на леди Четерли од истиот автор, да се вбројат меѓу најчитаните и највлијателни книжевни остварувања на дваесеттиот век, да се најдат во фокусот на интересирање на многубројни критичари и коментатори, да предизвикаат голем број расправи и толкувања, филмски адаптации и друг вид реплики и експертизи. Двата романа во времето на објавата предизвикале бурни скандали и отпори, а денес се неизоставна белетристичка лектира, нашироко прифатена како неоспорна книжевна вредност.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 200 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Ѓурѓа

Report an abuse for product Синови и љубовници

Категорија:
ИСБН: 978-608-201-201-8

1 оценка за Синови и љубовници

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in