Скакулче игра плочка

Издавач: Искра Донева | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Скакулче игра плочка | Бр. на страни: 110 | Димензии: 6х8cm | Корица: /

*Сите средства собрани од продажбата на книгите на авторката се наменети за нејзино лечење во Русија. БИДЕТЕ ХУМАНИ!
Со хаику збирката „Скакулче игра плочка“, трета во нејзината хаику актива, Искра Донева се вредува во малиот број успешни македонски хаику автори чија посветеност на хаику творештвото се ефектуира во неколку објавени хаику книги. Повеќе од секакви пофалби, особено од оние пригодни или упатени од позиции на надмена, површна и недоучена хаику упатеност, за поетските доблести на оваа хаику објава најречито, најверодостојно и најкусо ќе ни подречат следните десет хаику, испишани во форма на поетски едноред:
 
Пеперугата / се умилкува на шнола / со иста форма.
*
Нова година / во автомобил – ќе ни / тргне годинава.
*
На ракава ми / слетаа две латици / којзнае зошто.
*
Копнеж по тебе / низ прозорец влегува. / Лаат маалски пци.
*
Малечко еже / во раце земам – под боцките / нежни ножиња.
*
Звук на оргули – / срцето ми кажува / нема молитва.
*
Дама купува / шал и шубара од / босо детенце...
*
Магично утро. / Врз љубовна порака / гранче јоргован.
*
Пајак на ноќна / светлина станува / ловец на сенки.
*
Клукајдрвчето / длаби во хармонија / со мојот чекор.
*
Освртот кон оваа хаику збирка едновремено е и погодна прилика, поаѓајќи од несомнената лирска дарба на авторката Искра Донева, само да ѝ се упати искрена поддршка во насока на продолжување со негување на сопствениот хаику глас.
Петко Дабески
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 110 ден

1000 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Скакулче игра плочка

Категорија:
ИСБН: 978 - 608 - 65559 - 2 - 4

1 оценка за Скакулче игра плочка

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in