СКОПЈЕ: Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)
Автор:
Ерина Богоева
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
СКОПЈЕ: Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990) |
Бр. на страни:
88 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Ерина Богоева е родена 1988 година во Скопје. Своите студии ги има завршено на катедрата по англиски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Своето образование го продолжува на Универзитетот на Нотингам во Обединетото Кралство, каде што магистрира на студиската програма за филм, телевизија и екранска индустрија. Напоредно со студирањето самостојно се изградува како фотограф при што активно учествува во многубројни групни изложби, помали самостојни проекти и учествува во жирирање на конкурси. Има остварено четири самостојни изложби: „Животот на улиците на Европа“ како дел од програмата на Денот на Европа и во рамките на серијата „Културни приказни“ на ЕУ Инфо Центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје; „Небото над Скопје“, во состав на манифестацијата „Бела ноќ“, во Скопје; „Четири годишни времиња и малку љубов“ ѝ е нејзина прва продажна изложба во кафулето „Вандерлуст“ во Скопје, додека изложбата „Затемнетиот град“ во Музејот на современата уметност во Скопје е поддржана од програмата „Новиот културен бран“ на Министерството за култура на РМ.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.