Скриени трепети
Автор:
Ило Гајтаноски
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
189
Оригинален наслов:
Скриени трепети |
Бр. на страни:
108 |
Димензии:
110х165
|
Корица:
/
Ако во претходните објавени книжевни дела Ило В. Гајтаноски демонстрираше исклучителни афинитети во проникнувањето на лирското и епското, таа симбиоза како да доживува кулминација токму во хибридниот (прозно-поетски) жанр наречен хаибун. Книгата „Скриени трепети“ е втората книга хаибуни во македонската книжевност. Таа е веројатно еден од најубавите, најтрепетливите и најпотресните книжевни сведоштва за љубовта кон природата во поновата македонска литература, а авторот покажува редок усет за убавините на природата што ги доловува со помош на една раскошна, архаизирана лексика. Творечката философија на оваа книга како да е сублимирана во сознанието поместено во хаибунот „Триножец“: „малите нешта, и
малите светови, се слика на големите“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.