Сместување и благосостојба на фармски животни

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Farm animal housing and welfare | Бр. на страни: 364 | Димензии: 153x233 | Корица: /

Оваа книга е, всушност, збирка на заклучоци од работилниците одржани во склоп на семинарот за благосостојба на животните од фарми, одржан во Абердин, од 28 до 30 јули 1982 година, во организација на ЕУ-комисијата за истражувања во земјоделството при генералниот директорат за земјоделство. Уредници на изданието се С.Х.Бакстер, М.Р.Бакстер и Џ.А.Д.Мекормак од шкотскиот Институт за истражување на фармерските објекти.
Во последно време с
è повеќе се зборува за благосостојбата на животните, но многумина ќе се запрашаат што е тоа. Не би било можно мерење или оценување на благосостојбата доколку не знаеме што, всушност, таа претставува. Поради тоа, приоритет на овој семинар било сместувањето на животните, што во овој момент е сè уште контроверзна област. Активно учество земаа еминентни биолози и проектанти, сè со цел да се обезбедат што подобри услови за сместување. Во работниот дел од семинарот се поставени многубројни задачи за чие решавање се земале предвид идеите на повеќе експерти од соодветните области. Работата се одвивала во три фази: прво, се разгледувала благосостојбата од филозофски аспект, понатаму се утврдувале биолошки потребните услови и на крај се пристапувало кон проектирање за да се обезбеди сето тоа. На крајот се сублимира севкупното стекнато знаење кое понатаму се дистрибуира до пошироката јавност, со цел да се зголеми благосостојбата на животните од фармите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1500 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Сместување и благосостојба на фармски животни

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-032-4

1 оценка за Сместување и благосостојба на фармски животни

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in