Совети и раскази од Кекавмен
Автор:
Јован Белчовски
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
Совети и раскази од Кекавмен |
Бр. на страни:
299 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
/ Книгата „Совети и раскази“ – чиј автор е Кекавмен, е пишувана од 1075 до 1078 година, и претставува една вистинска слика на општествено-политичките и економските состојби во Империјата во XI и XII век. Кекавмен е насочен кон еден широк дијапазон од најразновидна животна проблематика: државата, битот, нормите, моралот и обичаите, семејните односи, правниот живот, службите, домаќинството, војните и востанијата, црквата и религијата, суеверијата и воопшто нивото на културата во епохата. Кон сите тие животни области авторот има свои погледи и дава свој суд. Животот во семејството е прикажан во сите негови нијанси и сегменти. Самиот полковник и внук на полковници, Кекавмен имал големо познавање за воената проблематика, за составот на армијата, начинот на војување, одбраната на крепостите, опремата и вооружувањето на војската, опсадните орудија итн. Во ова издание се објавени оригиналната верзија и преводот на проф. д-р Јован Белчовски, кој како вовед приложува обемна студија во која пишува за тогашната општествено-политичка констелација, за авторот, неговите користени извори, за содржината на ракописот на Кекавмен, како и за неговите истражувачи.
Questions and Answers
You are not logged in