Современата политичка и општествена историја
Авторот Ги Антонети, почесен професор по право на Универзитетот Париз II, прави своевидно резиме на целата политичка историја на Франција во периодот од неколку века наназад. Таа историја е исполнета со контрадикторности од обединувања и поделби, иако некој може да создаде погрешна илузија дека нацијата била единствена во периодот пред 1789 година за време на монархијата. Земја со унитарна и со централистичка традиција, Франција е и земја со граѓански и со политички конфликти.
Во книгата е конкретно опфатен периодот од 1789 година, па сè до помодерната историја, заклучно со 1958 година. Разгледани се циклусот на просветителството, првата монархија на новиот режим, првата република и првиот цезаризам, потоа циклусот на романтизмот со втората монархија, втората република и вториот цезаризам, консолидацијата на либералната демократија, републиката без републиканци, опортунистичката република, радикалната република, кризата на либералната демократија, искушенијата од светските војни и разочарувањата од собраниското уредување на четвртата република.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Современата политичка и општествена историја
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –