Сржта на веб програмирањето

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Core Web Programming | Бр. на страни: 1440 | Димензии: 169x234 | Корица: /

Ова прекрасно издание ви нуди практичен преглед на развивањето веб со HTML, CSS и Јава скрипт технологија, стручна покриеност на J2SETM 1.3, Swing, Java 2D API, RMI и JDBC, техники за брз развој на серверскиот дел со JSP и XML, стотици реални примери на код со целосни апликации. Со купувањето на оваа книга добивате стручен водич за сите технологии што треба да ги познава еден веб-развивач со што се добива еден корисен ресурс за искусни веб-програмери.
Сето тоа е благодарение на авторите Марти Хол и Лери Браун. Марти е Сениор компјутерски научник во лабораторијата за применета физика при Универзитетот „Џон Хопкинс“, а Лери е мрежен инженер во Армијата и професор по сервер и по веб-програмирање за вонредни студенти по информатика при Универзитетот „Џон Хопкинс“.
Оваа книга се користи на сите престижни универзитети што имаат катедри по информатика. Дадени се најважните пристапи и предупредувања за највообичаените стапици. Ви даваме и еден совет: Никој не станал одличен развивач само со читање, туку мора да се напише и некој реален код. Во секоја глава има предлози за правење едноставни програми или варијанти од дадените примери, а потоа да продолжите со сопствени сили кон посериозни проекти. Деловите за кои во моментов не сте подготвени да ги користите ви советуваме само да ги прелистате, а потоа кога ќе бидете подготвени вратете се за да ги совладате. Ви посакуваме успешна работа!
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1990 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Сржта на веб програмирањето

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-60-7

1 оценка за Сржта на веб програмирањето

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in