Тајните на луѓето што никогаш не се разболуваат

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: The secrets of people who never get sick | Бр. на страни: 251 | Димензии: 140х210 | Корица: /

Бестселерот „Тајните на луѓето што никогаш не се разболуваат“ е оригинален, информативен и забавен водич што открива несекојдневни, но неверојатно ефикасни начини за зачувување на здравјето и за живот без настинки и болести. Водичот е резултат на долгогодишно истражување и експериментирање на авторот Џин Стоун, чија желба да најде начин да остане секогаш здрав го доведе до осознавање на дваесет и пет различни тајни за здрав живот – тајни што се сосем логични и зад кои постои вистинска научна основа: тајни за здрава исхрана – да внесувате повеќе пробиотици, да ја одржувате пХ-рамнотежата во организмот, да „јадете половина“; тајни за животната околина – да живеете во „сината зона“ и да го разберете значењето на бактериите; тајни за душевното здравје – да стекнувате пријателства и да се дружите, да ја негувате вашата духовност; тајни за спортувањето – придобивки од теговите и моќта на истегнувањето; тајни за физичкото здравје – да дремнувате почесто и да се туширате наутро со студена вода. И, секако, старата мудрост што излекувала генерации – да, кокошкината супа е здрава. Приказните ви ги доближуваат, истражувањата ви ги потврдуваат, а примерите ви покажуваат како да ги примените во вашиот живот сите тајни од овој водич и да станете идната личност што никогаш не се разболува. 
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Тајните на луѓето што никогаш не се разболуваат

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-163-1

1 оценка за Тајните на луѓето што никогаш не се разболуваат

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in