Татко

Издавач: Искра Донева | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 100 | Димензии: 6х8cm | Корица: /

Хуманизмот во хаикуто и во „Татко“
Хаикуто може да биде дефинирано од разни правила, правило на слогови, правило на структура, меѓутоа она што не се кажува во школските учебници за хаикуто, карактеристика што секогаш постоела, а што особено сега е многу важна, тоа е хуманизмот на хаикуто. Хаикуто во навидум објективното сликање на суштинските работи и покрај сета своја обврзаност во формална смисла, секогаш е трага и лузна на оној што хаикуто го создава и сето она што го чини неговиот индивидуален свет. Токму затоа, во променливиот и заеднички свет на природата,  го остава тој индивидуален белег на љубов, на заемност, на незаборав, на минливост.
Од таа гледна точка можеме суштински да зборуваме за хуманизмот на хаикуто. Хаику песните на Искра, не се само песни на една ќерка по својот татко, кој би рекол физички не постои… Зошто? Затоа што иако животот заминува, иако сето она што се случува во сегашноста многу брзо станува минато, чувствата на Искра додека ги пишува своите хаикуа и ги дарува на својот татко кој веќе не е жив, зборува дека тоа нејзино засолниште на животот и во секојдневието и во денешноста, многу повеќе го содржи она што е севкупност на минатото и постојаноста на чувствата. Во овие хаикуа ние можеме да најдеме извонредни, луцидни слики, но она што возбудува додека ги читаме, тоа се нејзините, би рекол, совршени чувства. Само личност која длабоко чувствува, може благодарение на тоа големо сопствено чувство, да го најде патот кон убавиот израз или подобро речено кон точниот израз. Модерната машинерија на живеењето често му ја ускратува на творештвото, па дури и на хаику творештвото, таа способност за едноставно пренесување на длабоките чувства.
Во случајот на хаику песните посветени на таткото, Искра тоа чувство го носи како вечно, како нешто што не вознемирува, туку што успокојува и во тагата наоѓа една голема поткрепа за постоењето на човекот кој секогаш ќе остане татко во нејзиниот живот.
Александар Прокопиев

Цена: 110 ден

999 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Татко

Категорија:
ИСБН: 978 - 608 - 65559 - 0 - 0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Татко”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in