The soul of Macedonia
Духовното богатство односно душата на Македонија прикажано во ексклузивната монографија The Soul of Macedonia од Наце Попов.
Во неа авторот, преку повеќе од 500-тини фотографии од внимателно одбрани 38 цркви и манастири и со текст преведен на англиски јазик на отец Игор Никоски, ни ја доловува убавината, мистичноста, духовноста на овие свети храмови, кои опстојуваат со векови и ја одржуваат жива нашата религија, нашиот јазик, нашиот народ и непокор, душата на Македонија.
Свети Јован Бигорски, свети Јоаким Осоговски, манастирот Трескавец и Зрзе се само неколкуте од нашите преубави цркви и манастири, сместени во предели со земска убавина каква што ретко гледаме и со исклучителни ретки и вредни фрескоживописи и уникатни икони, прикажани преку извонредните фотографии на авторот.
Спакувана во кутија со уникатен дизајн и со тврд повез, на 368 страни, монографијата претставува одличен подарок за Вашите деловни партнери, пријатели од странство, роднини и наши иселеници, но и книга за Вашата домашна библиотека, вашето домашно богатство!
5 оценки за The soul of Macedonia
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –