Тишината на зборот

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Тишината на зборот | Бр. на страни: 108 | Димензии: 20 см | Корица: /

Тишината на зборот е првата поетска збирка за возрасни на писателот Велко Неделковски, но впечатокот по нејзиното исчитување воопшто не коинцидира со вообичаениот впечаток кога се соочуваме со дебитантски ракопис. Напротив, во неа е собрано севкупното творечко и животно искуство на авторот и буди чувство на познат, некогаш претходно посетен книжевен предел, каде секој збор има право на своја тишина и на починка. Помеѓу овие корици, зборот тихува со молчаливоста на мудрецот и ја реализира својата суштина во слободното течение на стиховите, кои понекогаш звучат како гатанки, а понекогаш – како народни умотворби. Затоа што само оној кому му е даден патоказот до музите, само тој може да ја слушне тишината на зборот и да рече: „Посвој го Зборот, прегрни го запиши го како реликвија и кажи го како свеченост“.

Цена: 280 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Тишината на зборот

Категорија:
ИСБН: 978-608-267-150-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Тишината на зборот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in