Трчање во место

Издавач: Темплум | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Tek na mestu | Бр. на страни: / | Димензии: / | Корица: мека

Рената Салецл е филозоф, социолог, правен теоретичар, една од најзначајните словенечки интелектуалки. Книгата е издание на „Темплум“ и на „Контрапункт“ како дел од едицијата „Пунктум“ која произлезе од КРИК – фестивал за критичка култура. Овде, на Окно, ќе претставиме дел од текстовите во книгата. Во времето на лажни вести и таканаречена поствистина сè потешко е да се размислува за тоа во која насока оди нашето општество и како се соочуваат луѓето со општествените безизлези. Идеологијата на неолиберализмот многу ја зголемува тескобата. Луѓето се чувствуваат виновни за својот неуспех и оние што сакаат да се идентификуваат со медиумските слики на среќа и успех многу лесно добиваат чувство дека не се доволно добри, убави, интересни – бидејќи животот им е далеку од претставените идеали. Книгата „Трчање во место“ проучува што се случува со поединецот во неолибералното време, од кои нови психолошки симптоми тој страда, како го сфаќа својот живот, каков однос има кон општеството околу себе, како ги доживува работата, љубовта, родителството и како размислува за иднината. Во книгата, во преработена форма, се собрани колумните што ги објавувала авторката во последните години во саботниот прилог на весникот „Дело“. Книгата се обидува да биде рефлексија на времето кое бара брзи одговори и кое не е наклонето на прашања. Собраните текстови посочуваат низа дилеми пред кои стоиме како поединци и како општество. Запишани се како предизвик за читателот или читателката за сличните дилеми да размислува и самиот/самата. Новите научни откритија на подрачјето на генетиката и невронауката даваат надеж дека во иднина ќе бидеме спасени од некои тешки болести, а истовремено отвораат нови можности на општествената контрола и новите форми на исклучување. Рената Салецл е една од најзначајните мислителки во регионот и меѓународно. Филозоф, социолог и правен теоретичар од Словенија, таа успева да создаде провокативно проникнување помеѓу критичката теорија, политичката филозофија, постструктуралистичката психоанализа, правото, политиките на телото и на масите. Таа е истражувач на Институтот за криминологија, на правниот факултет на Универзитетот во Љубљана и е професор на Birkbeck College, University of London. Таа исто така била визитинг професор на London School of Economics. Секоја година предава на тема психоанализата и правото, на Benjamin N. Cardozo School of Law во Њујорк, а предава и на курсеви за неврологија и право. Од 2012, таа била визитинг професор на одделот за општествени науки на „Health and Medicine at King’s College London“. Нејзините книги досега се преведени на тринаесет јазици. Книгата „Трчање во место“ е прв превод на македонски јазик.

Цена: 500 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Темплум

Report an abuse for product Трчање во место

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4871-31-6

Questions and Answers

You are not logged in