Црно на Бело

Издавач: Стрип Квадрат | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Црно на Бело | Бр. на страни: 130 | Димензии: 30 | Корица: мека

Црно на бело на Игор Јовчевски е книгa со илустрации, плод на неговата креативна, повеќегодишна стрип-продукција и цртачка дејност. Книга во која, на еден автентичен начин, (с)ликовно ги осмислува и прераскажува неговите авторски стрип-ликови, но и други вонвременски фигури од популарната култура. Книгата на Јовчевски е една од оние визуелни четива, кои го прошируваат значењето на зборот ,литература’, (у)верувајќи дека и цртежите можат да бидат ,читани’. Оваа (с)ликовна литература раскажува на невообичаен автореференцијален начин. Со други зборови, колку Јовчевски говори за насликаното, толку говори и за себе и неговите вредносни стојалишта. Затоа, Црно на бело е сликозборница која може да се чита и како омаж, но и како еден вид суптилна иконокластика, преку која авторот во авторско не може да се оттргне од чувството дека одредени вредности се над сè.

Цена: 450 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Стрип Квадрат

Report an abuse for product Црно на Бело

Категорија:
ИСБН: 978-608-4719-17-5

Questions and Answers

You are not logged in