УБК одблизу
Автентична збирка на лични сведоштва и размислувања на Љубен Конески, поранешен висок припадник на Службата за безбедност во времето на СФРЈ и во периодот на самостојна Република Македонија. Оваа книга е прва од ваков формат во независна Македонија, при што претставник на тајната државна служба преку една литераризирана форма го преставува периодот од животот поминат во редовите на оваа често дискутирана и многу табуизирана професија. Во стил што се наоѓа помеѓу сеќавањето и кусиот расказ, Конески јавно проговорува за познати и не толку познати настани и личности од политичкиот и јавниот живот, фрлајќи нов зрак светлина не само на историските процеси туку и на внатрешните состојби на оваа служба.
Првпат читајте за:
- најавите за воен удар во предвечерието на независноста на Македонија;
- акцијата за сопирањето на еден конвој на ЈНА и можните инциденти;
- ретки детали од истрагата за атентатот на Киро Глигоров;
- лозунгот што беше најстрого чувана службена тајна врзана за смртта на Ј. Б. Тито;
- контактите на ВМРО–ДПМНЕ со членовите на ДБК;
- акцијата за одземање на документацијата за испраќање регрути на боиштата во поранешна Југославија;
- реорганизацијата и трансформацијата на службите за безбедност;
- вистински примери од отворањето на тајните досиеја;
- (не)мешањето на УБК на приватниот помен по повод 25 години од смртта на Ченто;
- активности на странските служби преку пласман на капитал во стопанскиот живот во Македонија;
- контроверзиите околу панихидата за Методија Кусев, бугарскиот митрополит со потекло од Прилеп.Questions and Answers
You are not logged in