Умирам да бидам своја

Издавач: Концепција | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Dying to be me | Бр. на страни: 236 | Димензии: 210х145 | Корица: мека

Книгата се продава по претпродажна цена со 15% попуст до денот на излегување од печат 23 декември, 2013г.   ....За кого зборува докторката?- се прашував. Никогаш не сум се чувствувала подобро во животот! Зошто мама и Дени изгледаат толку исплашено и загрижено? Мамо, те молам не плачи. Што е проблемот? Поради мене ли плачеш? Не плачи! Добро сум, навистина, драга мамо, добро сум!....       Во оваа неверојатно инспиративна автобиографска приказна, Анита Мурџани ни раскажува како, по четиригодишната борба со ракот, нејзиното тело конечно почнало да откажува. Во тој момент, таа зачекорува во фасцинантното блиско искуство со смртта, каде ја осознава својата вродена вредност...и вистинската причина за нејзината болест. По будењето од кома, Анита открива дека нејзината состојба толку бргу и нагло се подобрила, што била отпуштена од болницата за само неколку недели...без никаква трага од рак во нејзиното тело!       На овие страници Анита зборува за нејзиното детство во Хонг Конг, предизвикот да изгради кариера и да ја пронајде вистинската љубов, како и за тоа како на крајот завршува во болничкиот кревет, каде што ѝ пркоси на целата медицинска наука.       Во „Умирам да бидам своја“, Анита без задршка споделува сè што има дознаено за болестите, исцелувањето, стравот, за тоа како да се „биде љубов“ и за вистинската величественост на секое човечко суштество!       АНИТА МУРЏАНИ работела во корпорацискиот свет повеќе години пред да ѝ биде дијагностициран карцином. Неверојатното и потресно блиско искуство со смртта од корен го менува нејзиниот поглед на животот. Нејзината работа сега е длабоко поврзана со сознанијата со кои таа се здобила додека била во другата стварност.   www.anitamoorjani.com 
Рангирано 4.84 од 5 според 38 рејтинзите на корисниците

Цена: 420 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Концепција

Report an abuse for product Умирам да бидам своја

Категорија:
ИСБН: 978-608-65519-2-6

Questions and Answers

You are not logged in