Уципуци размислува надвор од кутијата
Автор:
Зане Зуста
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Ucipuci domā ārpus kastes |
Бр. на страни:
44 |
Димензии:
25х25
|
Корица:
/
Бувчето играчка Уципуци останува само дома и паѓа во картонска кутија… Како ли ќе излезе од неа?! „Размислувај надвор од кутијата“, на Уципуци ѝ се враќаат овие зборови што таткото му ги кажува на Крис додека тој ја пишува својата домашна задача. „Како да го сфатам тоа? Што значи да се размислува надвор од кутијата ако тоа не го менува фактот дека останувам внатре во кутијата?“, загрижена е Уципуци. Книгата „Уципуци размислува надвор од кутијата“ од латвиската авторка Зане Зуста е продолжение на твојата омилена „Уципуци си го бара домот“. Овој пат, бувчето е заглавено во картонска кутија и, запознавајќи интересни животни што живеат во куќата, а за чие постоење претходно немала поим, дознава големи мудрости, толку важни во модерниот живот, како што се: Ако не можеш да ги промениш околностите – промени го начинот на кој размислуваш, Преброди го својот страв, менувајќи го својот став, Не плаши се да ја прифатиш помошта што ти се нуди во тешките моменти, Размислувај надвор од кутијата, односно размислувај поинаку. И ПОДАРОК ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ: Картонска играчка Уципуци чии крилја се движат, а на крајот од кутијата и – задачи од Уципуци.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.