Владетелот
Автор:
Николо МАКИЈАВЕЛИ
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
142 |
Димензии:
125/195
|
Корица:
/
Владетелот, најпознатото дело на Николо Макијавели кое се смета за втемелувач на модерната политичка наука, дава една зачудувачки прагматична формула за политичкиот успех. Рецептот за моќ на Макијавели, образложен во 26 поглавја, е релевантен и денес, во политичките превирања на XXI век. Нештата треба да ги гледаме „такви какви што се, а не такви какви што би требало да бидат“, пишува тој, претпочитајќи го стварниот свет пред замислениот. Владетелот мора да биде храбар, енергичен, ако е потребно дури и суров и безобѕирен, за да може да ја постигне својата цел. Тој мора да се потпира на сопствените сили, на својата војска и на народот, да ги одбегнува платениците, да не биде скржав, но не и премногу дарежлив, да се стреми повеќе да се плашат од него отколку да го сакаат, мудро да ги прима само добрите совети, да настојува да биде што повеќе ценет, а особено да внимава да не стане омразен и презрен од страна на народот.
Дури и 500 години откако е напишана, оваа безвремена лекција за автократското владеење продолжува да го буди интересот не само кај изучувачите и експертите туку и кај широката читачка публика.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.