ВЉУБЕНИОТ ОРЛАНДО
Автор:
Матео Марија Бојардо
Издавач:
Конгресен Сервисен Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
126 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
/
/За најголемо дело на Бојардо се смета Вљубениот Орландо, кое за првпат целосно е издадено во 1506 година. Според првичната замисла, делото требало да има сто пеења, но е прекинато во деветтото пеење од третиот дел поради навлегувањето на војската на Карло Осми во Италија. Иако во делото се пее за витешките љубови и борби, тие честопати се прикажани низ една иронична призма, бидејќи неговото време носело нови творечки предизвици. Соочен токму со таквите предизвици, Бојардо прави своевидно отстапување од старата конвенционална витешко-љубовна тема, вметнувајќи елементи на сказни и легенди во дејството. Повремената бајковитост ѝ дава на поемата посебна лирско-поетска димензија и привлечност. Тој, отстапувањето што го прави Бојардо во однос на старите конвенции не е екстремно и пресвртно, не е радикален рез, но е значаен придонес во трагањето по нови можности на поетското пеење што ги барало новото време, а на своевиден начин се реализирани и во неговиот еп Вљубениот Орландо.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.