Во Лотарингија

Издавач: магор | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Pirotte, le pays du hasard | Бр. на страни: 128 | Димензии: 20 | Корица: /

„Лотарингија. Земја во Франција, Холандија, Бургундија или Валонија какви што историјата создала безброј“. Пирот, скитникот, живее во Лотарингија, земјата на неговиот живот. Оваа приказна е пријателска биографија на белгискиот писател Жан-Клод Пирот. Пирот е мултидисциплинарен и недисциплиниран. Тој е премногу непознат книжевен сликар што својот живот го посветува на бегството. Најпрвин адвокат во Намир, ќе води живот во постојано талкање. Во своето дело и во големиот број интервјуа, Пирот напоменува дека на него треба да се гледа само во природно опкружување. Емануел Рембер ни пренесува фрагменти во кои Пирот говори за своето детство, својот живот во Валонија, Холандија, Ангулем, Лотарингија и во лозовите насади. Авторот создава единствена монографија во која провејува мирисот на дождот и четивата на своите омилени автори: Шардон, Песоа, Жозеф Жубер, Балзак, Дотел, Верлен, Рембо, Бодлер и Лавкрафт. Животот вртоглаво се движи кај Пирот, голем прозаист и стилист. Можеби последниот од големите проколнати писатели? Поетски портрет, со убава чиста линија. Емануел Рембер е дипломат. Бил на служба во Норвешка, Словачка, Либија и Белгија. Во моментов е советник за култура во амбасадата на Франција во Скопје и директор на Францус­киот институт. Автор е и на Chapeau de Barentsz (Magellan & Cie) и на Jours intranquilles en Libye (Équateurs).

Цена: 300 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Пагома Прес

Report an abuse for product Во Лотарингија

Категорија:
ИСБН: 978-608-4858-03-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Во Лотарингија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in