Во потрага по Роберт Џонсон

Издавач: Авант Прес | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Searching for Robert Johnson | Бр. на страни: 94 | Димензии: А5 | Корица: /

Роберт Џонсон е еден од најпознатите и сигурно најславниот меѓу сите рурални блузери. Како што вели популарната легенда за него, тој си ја продал својата душа на ѓаволот една ноќ на некој крстопат во Мисисипи во замена за вештини за свирење на гитара. Веројатно неговата музика и свирење им се чинеле толку недостижни и како да не се од овој свет, поради што за него се плеткале приказни за спогодбата која била направена. Џонсон бил фантом кој талкал по САД каде настапувал по разни фарми, клубови, ресторани, веселби, без многу да се знае за него. За време на својот краток, но бурен и динамичен живот, сè што оставил зад себе се снимени 29 песни и многу митови и легенди. За многумина, тој е најголемиот блузер на сите времиња односно се смета за таков од страна на модерната популарна култура. Со самото тоа тој си обезбедил свое место во пантеонот на музичките легенди, но неговото влијание било огромно и не било ограничено на блузот, туку допрело до сите популарни жанрови денес, повеќе од која било друга блуз фигура. Од неговата музика, покрај блуз музичари кои ги свиреле неговите песни како Мади Вотерс, Елмор Џејмс, Хаулин Вулф и многу други, негови песни се снимени и од плејада популарни рок музичари од Ролинг Стоунси, Ерик Клептон, Лед Цепелин, Ред Хот Чили Пеперс, Боб Дилан, Питер Грин, Касандра Вилсон, Дорс, Вајт Страјпс. Од времето кога починал на 27 години во 1938 г., разни колекционери и луѓе трагале по информации и сведоштва за неговиот живот и музика. Питер Гуралник е еден од тие кои трагале по неговата оставштина и своите искуства ги ставил во оваа книга. Гуралник е еден од најпознатите американски музички автори и историчари со книги кako „Last Train to Memphis: The Rise of Elvis Presley”, „Dream Boogie: The Triumph of Sam Cooke“ „Sweet Soul Music: Rhythm and Blues and the Southern Dream of Freedom“ и многу други. Соработувал и со режисерот Мартин Скорсезе на неговиот серијал документарни филмови за блуз музиката.

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Авант Прес

Report an abuse for product Во потрага по Роберт Џонсон

Категорија:
ИСБН: 978-608-4823-23-0

Questions and Answers

You are not logged in