Воени мемоари т.1
Автор:
Шарл де Гол
Издавач:
Конгресен Сервисен Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
421 |
Димензии:
20
|
Корица:
/
/Воените мемоари на Шарл де Гол можат да се третираат како своевидна прозна трилогија на три посебни книги, со посебни наслови: Повик, Единство и Спас. Покрај насловот Воени мемоари, тие се среќаваат преведувани во другите книжевни средини и како Воени сеќавања, или како Сеќавањата на војната. Со оглед на тоа што ова мемоарско-белетризирано дело ги одразува доживувањата за воените и за политичките активности на авторот преточени од лична перспектива на толкување и произнесени преку реторичка форма на сеќавања или спомени, често се случува стручните проследувачи потесно да го класифицираат во жанрот „Спомени“. Во тие случаи, секогаш се има предвид само воената, политичката или државничката професионална улога на авторот Шарл де Гол, не поставувајќи го проследувањето во функција на аспектот на книжевно-творечката валоризација за начинот и за стилот со кои естетски и креативно се отсликале настаните, процесите и личностите.
Мемоарско-белетризираните содржини на сите три тома како три посебно напишани книги го изложуваат своевидниот еп за слободна Франција од периодот на Втората светска војна и на самиот праг по неа.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.