Војна за ослободување на Македонија : историски, економски и критички погледи
Автор:
Никола Станев
Издавач:
Ад Вербум |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Война за освобождението на Македония : исторически, икономически и критиченЪ погледЪ |
Бр. на страни:
154 |
Димензии:
140х200 мм
|
Корица:
мека
(54) Книгата е посветена целосно на причините, целта, текот и последиците кои произлегле од Балканските војни од 1912 до 1913 година, но погледнато низ вообичаената призма на бугарската историографија да се прикажува за бугарско сè што е македонско. Првиот дел е посветен на настаните што се случувале во предвоениот период, потоа на причините и целта од создавањето на Балканскиот сојуз на 17 септември 1912 година, со најголема елаборација на воените дејствија во текот на Првата балканска војна (1912-1913). Вториот дел е посветен на Втората балканска војна, која се водела цел еден месец во крајот на пролетта и почетокот на летото 1913 година на македонска територија и за нова прераспределба и распарчување на Македонија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.