Воспоставување на супрематијата на европското право
Книгата на Олтер покажува колку таа ги владее методите и содржината на европското право и на политиката на правото. Нема секој да се согласи со сите тези што се изложени, но секако дека никој не може да го негира нејзиниот придонес во областа на правото. Таа брилијантно ја анализира правната политика на Европа, давајќи еден од најдобрите прикази за влијанието на меѓународните институции врз државните политики.
Карен Ј.Алтер е професор по политички науки и по право на Северозападниот универзитет во САД. Нејзиниот фокус е насочен кон интеракцијата меѓу домашните политики и меѓународните институции. Своевремено има работено во Европскиот суд на правдата.
Овој нејзин текст почнува онаму каде што завршува системот на традиционалните правни вредности и објаснува зошто државните правосудства ја презедоа улогата на наметнувачи на супрематијата на европското право наспроти домашното право. Воедно е објаснето и зошто владите во земјите од ЕУ ги прифатиле тие институционални промени дури и по цена која значително ја компромитира независноста на државите членки.
Оваа книга ги снабдува правниците со свежи и со предизвикувачки аспекти за важната и добро позната приказна, а политиколозите се мотивирани за многубројни анализи и толкувања на работите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Воспоставување на супрематијата на европското право
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –