Вовед во банкарството

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Introduction to Banking | Бр. на страни: 556 | Димензии: 180x245 | Корица: /

Вовед во банкарство претставува сеопфатен и ажуриран вовед во банкарскиот бизнис, напишан од стручни автори во областа.
Д-р Барбара Касу
е виш предавач по предметот финансиски студии на Велшкиот универзитет. Нејзините истражувачки интереси се од областа на банкарството, финансиите и на мерењето на перформансите.
Д-р Клаудија Џирардоне
е предавач по предметот финансии на Универзитетот во Есекс. Нејзино поле на интерес е работењето на банките и анализата на нивната ефикасност.
Д-р Филип Молину
е предавач по предметот банкарство и финансии и директор на Институтот за европски финансии при Велшкиот универзитет. Исто така, предава и на Универзитетот „Еразмо“ во Ротердам. Во својата плодна кариера има работено и како консултант на Светска банка, Европската комисија, министерството за финансии на Обединетото Кралство и за голем број најразлични меѓународни банки и консултантски фирми.
Книгата опфаќа теоретски, но и практични примери поврзани со глобалната банкарска индустрија. Организираноста на книгата е во четири дела: вовед во банкарство, централно банкарство и регулирање на банките, управување со банките и компаративни банкарски пазари.
Во воведот се дадени причините поради кои постојат банките, услугите што ги нудат и најновите трендови во банкарскиот бизнис. Понатаму се анализира централното банкарство и регулирањето на банките со правење споредба меѓу практиките во Обединетото Кралство, Европа и во САД. Посебно внимание е посветено на управувањето со банките, со целосен увид во техниките за управување со ризиците и разликите што постојат меѓу комерцијалните и инвестициските банки. Во последното поглавје се дадени најновите глобални трендови што влијаат на банкарските и на финансиските системи во развиените економии, новите економии и во економиите во транзиција.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2900 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Вовед во банкарството

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-258-8

1 оценка за Вовед во банкарството

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in