Вовед во безбедноста

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Introduction to Security | Бр. на страни: 812 | Димензии: 207х290 | Корица: /

Воведот во безбедноста се почитува поради избалансираниот и професионален приод кон оваа растечки важна област. Ова 18. издание го проширува предметот на својот интерес со опасностите и ризиците што имаат централна важност во окружувањето карактеристично за 21. век, вклучително и шпионажата, пиратеријата и предизвиците во однос на информатичката безбедност.

Групата автори го обединуваат врвното професионално искуство во безбедносната индустрија со многугодишната практика на предавање/едуцирање за безбедноста/обезбедувањето. Ова издание содржи проширени техники за совладување на материјалот, како и вежби за развивање на критичкото размислување за клучните теми. Како препорачлив наслов за безбедносните сертификати, оваа

книга е круцијален извор за безбедносните практичари, но и основен учебник за безбедноста на универзитетите во САД. Воведот во безбедноста, најдобро продаваниот текст за безбедноста на „Бутерворт-Хејнмајн“ на сите времиња е базична референца за сите професионалци од областа на безбедноста.


Роберт Ј. Фишер, д-р, е претседател на “Assets Protection Associates Inc.», фирма за безбедносен консалтинг основана во 1986 година. Д-р Фишер е член на Академијата за кривично-правни науки, ASIS International, Академијата на едукаторите и обучувачите за безбедноста и на Меѓународното полициско здружение. Неодамна се пензионираше, како директор на Институтот за принудна

примена на правото во Илиноис и како професор на областа принудна примена на правото и администрирање на правдата, на Универзитетот „Западен Илиноис“.


Едвард Халибозек, м-р, е корпорациски директор на компанијата «Fortune 100», со седиште во Лос Анџелес. Тој е поранешен раководител на Комитетот за безбедносната индустрија на Здружението на авиоиндустриите и член на Бордот на директори на водечкото Здружение на специјалните агенти во Лос Анџелес. Служел како член на безбедносната индустрија во Советодавниот комитет за програмската политика за националната безбедносна индустрија.


Гион Грин беше еден од пионерите на безбедноста/обезбедувањето на 20. век. Во декадите што следуваа по пишувањето на оваа книга светот драстично се измени, но неговото презентирање на основните безбедносни начела е безвремено, предизвикувачко и инспиративно.

Цена: 1500 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Вовед во безбедноста

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-468-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Вовед во безбедноста”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in