Вовед во теорија на автомати, јазици и пресметување
Оваа класична книга за формалните јазици, за теоријата на автоматите и комплексноста на пресметувањето е ажурирана за да ги претстави теориските концепти на концизен и едноставен начин, со зголемено покривање на практичните примени. Ова трето издание им нуди на студентите помалку формален стил, а во исто време обезбедува најдостапно покривање на теоријата на автоматите, солиден третман на конструкциски докази, голем број слики и дијаграми за полесно пренесување на идеите, како и рамки во кои се потенцира поврзаната материја. Нова карактеристика на ова издание е Gradiance, алатка за изработка на домашни задачи и оценување, заснована врз Веб. Во секоја глава се понудени поголем број вежби, вклучувајќи и избрани задачи во Gradiance, како вистинско практично искуство за учениците.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.