Врвовите на Бог-Животот: самади и сиди
Автор:
Шри Чинмој
Издавач:
Шри Чинмој Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
The Summits of God-Life: Samadhi and Siddhi |
Бр. на страни:
188 |
Димензии:
135 x 210
|
Корица:
/
Оваа книга претставува еден од неколкуте вистински описи на внатрешниот универзум – универзумот отаде просторот и времето, отаде сите ментални формулации. Ова не е филозофска или теоретска книга, туку жив и детален опис на духовната Реалност од страна на еден Јогин чиј дом е таму. Како Богореализиран духовен Учител што станал едно со највисоката Вистина, Шри Чинмој може да одговори на многу специфични прашања на теми како ослободување и просветлување, самади, нирвана, блаженство и различни нивоа на свест. Според трационалните описи, некој би очекувал да најде просветлен Јогин во некоја пештера на Хималаите, изгубен во транс. Но Шри Чинмој е еден од тие ретки духовни Учители што трагаат за да ја понудат својата светлина не само внатрешно, преку медитација, туку исто така и надворешно, преку говорниот и пишаниот збор. Текстот во оваа книга е извадок од предавања на Шри Чинмој на универзитети и одговори на прашања од духовни трагачи во различни прилики. Текстот е прошаран со некои негови поеми кои опишуваат негови лични искуства во тие повисоки состојби на свест.
Questions and Answers
You are not logged in