Втора филипика

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: In M. Antonium oratio Philippica secunda | Бр. на страни: 156 | Димензии: 16 цм | Корица: мека

Марк Тулиј Кикерон (106-43 год. пр. н. е.) е најистакнатиот претставник на римското беседништво. Неговите беседи против Марк Антониј се создадени во периодот меѓу 44 и 43 год. пр. н.е.. Насловот „Филипики“ (Philippicae) го добиле од самиот автор по углед на истоимените беседи што грчкиот оратор Демостен ги одржал против Филип II.

„Втората филипика“ се издвојува од останатите „Филипики“ по обем, а и по тоа што во неа Кикерон го напаѓа Марк Антониј многу пожестоко и поостро отколку во другите беседи од истиот корпус. Со оглед на тоа што Кикерон оваа беседа никогаш не ја изговорил јавно, таа е инвектива во пишан облик или политички памфлет структуриран како инвектива.

„…Ниту едно момче што било купено за да задоволи нечија похота не му робувало на својот господар така како што ти му робуваше на Курион. Колку само пати татко му те исфрли оддома, колку само пати постави стражари за да не му влезеш вкуќи! И покрај тоа, ти, под закрила на ноќта, омаен од похота и алчен по пари, доаѓаше таму преку покривот. Таа куќа веќе не можеше да се носи со тој срам…“

Цена: 250 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Втора филипика

Категории: ,
ИСБН: 978-608-261-096-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Втора филипика”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in