Закрепнувањето и резултатите во спортот

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 296 | Димензии: 216x280 | Корица: мека

  Закрепнувањето и резултатите во спортот ги опфаќа најновите научни истражувања од полето на закрепнувањето и користи вештини од практичното искуство на спортските научници кои работат со професионални спортисти во врвни центри за закрепнување и подготвеност ширум светот. Книгатае дополнета од страна на членовите на Националниот институт за спорт,стручност и подготвеност (INSEP) и има цел да ги презентира техниките имодалитетите за подобрување на закрепнувањето на спортистите, адекватноискористување на времето за тренирање и избегнување на претренираност. Приложените најнови истражувања и техники во Закрепнувањето и резултатите во спортот нудат стратегии за подобрување на процесот на закрепнување. Читателитеимаат можност да научат дека за подобрување на подготвеноста, важно еда се има адекватен пристап при планирање на процесот на закрепнување,што е индивидуализиран и базиран на докази. Во оваа книга исто така сепрезентирани и прикази на случаи на меѓународни спортисти и тренери, сошто се понудени дополнителни аргументи во дискусијата околу безбедноста иефективноста на модалитетите и како наведените концепти можат да сеприменат во конкретните спортови.   Обемот на ваквата практична содржина е наменет за професионалци, спортисти, тренери и студенти. Закрепнувањето и резултатите во спортот може да им помогне на читателите да го подобрат процесот на закрепнување со цел да им се помогне на спортистите полесно да се приспособат кон оптоварувањето при тренирање, да го намалат ризикот од прекумерно оптоварување и ризикот од повреди и, на крајот, да ги подобрат спортските резултати.  

Цена: 750 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Закрепнувањето и резултатите во спортот

Категории: ,
ИСБН: 978-608-259-010-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Закрепнувањето и резултатите во спортот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in