Зависност: Од биологија до политика за дрогата

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Addiction: From Biology to Drug Policy | Бр. на страни: 366 | Димензии: 150x235 | Корица: /

Оваа книга е неопходна алатка за разбирање на прашањата поврзани со терминот зависност, како од биолошка гледна точка така и од аспект на историјата, политиката и на социјологијата. Ова е книга што дефинитивно заслужува да биде широкоприфатена. Во неа, фармаколошкото истражување се фокусира на невробиологијата од зависноста од дроги и се разјаснува „подигањето“ и „спуштањето“ предизвикано од дрогата. Целосно се обработени седум фамилии на дроги што предизвикуваат зависност – никотин, алкохол, хероин и други опијати, кокаин и анфетамини, марихуана, кофеин и халуциногени дроги како што е ЛСД. Ставен е акцент на нивното дејство врз мозокот и нивните физиолошки аспекти. Но, истражувањето не запира тука, туку продолжува и се префрла на погрешните политики што се водат во поглед на контрола врз зависностите од дроги. Дадени се лични објаснувања од авторот за истражувањата на зависностите во кои тој учествувал во текот на изминативе дваесет и пет години. На крајот од книгата е истакнато модерното истражување во врска со генетиката и со невробиологијата на предиспозицијата за стекнување зависност.
Авторот, д-р Аврам Голдстајн е почесен професор по фармакологија на Универзитетот „Стенфорд“ (САД). Член е на Националната академија за наука, како и на Академијата за уметност и за наука. Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои Френклиновиот медал и наградите
„Nathan B. Eddyи „Sollman“.
Имате можност да се запознаете со едно уникатно издание од областа на зависностите, како по својата сеопфатност така и по неговата научна издржаност. Наменето е за сите, од лекари и психолози, па сé до интелектуалците што се на кој било начин засегнати со оваа проблематика.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
medicina@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 990 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Зависност: Од биологија до политика за дрогата

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-92-8

1 оценка за Зависност: Од биологија до политика за дрогата

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in