Животните од Австралија: Пиши-бриши вежбанка со маркер
Автор:
Оливера Ќорвезироска
Издавач:
Либи |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
ЖИВОТНИТЕ ОД АВСТРАЛИЈА: Пиши-бриши вежбанка со маркер |
Бр. на страни:
24 |
Димензии:
30
|
Корица:
/
Кенгурчињата си ги бараат своите детски соби, динго-кученцата си ги бараат своите семејства, а коалата си ги бара мирисливите листови евкалиптус... Помогни им да ги пронајдат! Со овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, вежбанката ќе им помогне на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: • Почетно пишување разни видови линии (прави, коси, заоблени, брановидни и цикцак); • Слободно пишување линии; • Развивање на фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини); • Можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со овој или со друг маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.