Животница

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2006
Оригинален наслов: Животница | Бр. на страни: 83 | Димензии: 200х130 | Корица: /

Оваа книга на Арбулјевска е своевиден лирски летопис настанат во последната деценија и претставува колаж на поетски слики на духовните состојби и поетски рефлексии за битисувањето. Песните од оваа книга на поетесата сведочат за доследноста и за автентичноста на нејзината поетска вокација и нејзиниот поетски код. Како и во претходните дела од нејзиното творештво, песните се мали ризници на архаични симболи и богата лексика преточени во единствениот ритам на нејзиниот поетски сенз. Во потрага на суштината на животот низ поетските сознајби видлив е спојот на модерниот и традиционалниот напев, што поетесата го негува уште од првата своја стихозбирка. Поетскиот глас на посебниот индивидуалитет и сензибилитет, е во дослух со трансцеденталното и преточен низ модерниот поетски исказ допира до универзалното, до современото и оновременото. Обидот да се спои границата на поетското и сликарското е видлив во пеењата во кои има мали ремек-дела од поетскиот кист на Арбулјевска.

Цена: 100 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Животница

Категорија:
ИСБН: 9989-163-18-9

Questions and Answers

You are not logged in