Научно толкување на Уставот на Република Македонија
Научното толкување на Уставот на Република Македонија е пионерски потфат на научната интерпретација и критичко вреднување на уставните норми. Авторот на научното толкување, доајенот на македонската уставно-правна мисла, проф. Светомир Шкариќ не ја истражува само содржината на уставните норми, ниту се задоволува со логичното и граматичко откривање на нивната смисла. Неговата научна интерпретација е во духот на филозофија на владеење на правото, чија основа и суштина се слободите и правата на човекот и граѓанинот, а не организацијата на државната власт. Убедена сум дека пред нас е вреден труд, што ќе помогне не само во појасното читање и разбирање на уставните норми, туку и неизбежно ќе влијае врз судската интерпретација.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.