Телото и телесноста во романите на Петре М. Андреевски
Автор:
Магдалена Димчевска
Издавач:
македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Телото и телесноста во романите на Петре М. Андреевски |
Бр. на страни:
172 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Книгата претставува родова студија за аспектите на телото и телесноста во романите Пиреј, Небеска Тимјановна и Тунел на Андреевски. Интересот на авторката е насочен кон главните женски ликови, но ги разгледува и машките ликови и нивната поврзаност со женските. Првпат во македонската филологија осветлува еден сосема нов пристап кон творештвото на Петре М. Андреевски – анализата на статусот на телата и телесноста во неговите романи, тема значајна не само за современата македонска книжевна наука, туку и за нејзините интердисциплинарни врски со родовите студии. „Димчевска нуди читање на категориите пол и род, патријархат, сексуалност, традиционална и модерна женскост, мајчиното тело и номадизам кај Андреевски. Воедно, преку анализа на телата во наративниот сетинг кај Андреевски, Димчевска дава детален попис и опис на контекстуализираните тела, на телата во институциите и воопшто во просторите во кои се вдомаќинува телото...“ (Јасна Котеска)
Questions and Answers
You are not logged in