Телото и телесноста во романите на Петре М. Андреевски

Publisher: македоника | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Телото и телесноста во романите на Петре М. Андреевски | Num. of pages: 172 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

Книгата претставува родова студија за аспектите на телото и телесноста во романите Пиреј, Небеска Тимјановна и Тунел на Андреевски. Интересот на авторката е насочен кон главните женски ликови, но ги разгледува и машките ликови и нивната поврзаност со женските. Првпат во македонската филологија осветлува еден сосема нов пристап кон творештвото на Петре М. Андреевски – анализата на статусот на телата и телесноста во неговите романи, тема значајна не само за современата македонска книжевна наука, туку и за нејзините интердисциплинарни врски со родовите студии. „Димчевска нуди читање на категориите пол и род, патријархат, сексуалност, традиционална и модерна женскост, мајчиното тело и номадизам кај Андреевски. Воедно, преку анализа на телата во наративниот сетинг кај Андреевски, Димчевска дава детален попис и опис на контекстуализираните тела, на телата во институциите и воопшто во просторите во кои се вдомаќинува телото...“ (Јасна Котеска)

Price: 300 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Телото и телесноста во романите на Петре М. Андреевски

Category:
SKU: 978-608-225-059-5

Questions and Answers

You are not logged in