Огледи за љубовта

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Essays in love | Бр. на страни: 211 | Димензии: 125х195 | Корица: мека

На „судбинскиот“ лет Париз-Лондон раскажувачот се запознава со својата шармантна сопатничка Клои и додека да пристигнат до подвижната лента за подигнување на багажот – тој веќе е вљубен во неа. Оттука почнуваме да го следиме заплетот на нивната љубовна приказна – од почетниот делириум на привлечноста до длабочините на суицидниот очај, „терористичките“ тактики кон кои прибегнуваат љубовниците кога саканиот ќе почне да се оддалечува од нив, до поуките за љубовта.

Брилијантен роман на Алан де Ботон, еден од најчитаните современи писатели-филозофи. Проткаен со длабоки размисли на многу познати филозофи и уметници и зачинет со ироничен хумор и духовити дијаграми, Огледи за љубовта во име на сите нас ги преиспитува занесот и болката на љубовта и се заокружува со необично оптимистичен крај.

Духовито, забавно и софистицирано, Огледи за љубовта е задолжително четиво и за среќно вљубените, и за разочараните, и за оние што трагаат по љубов.

Цена: 320 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Огледи за љубовта

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-227-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Огледи за љубовта”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in