Риба во шишето ракија

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Bütün Şiirleri | Бр. на страни: 128 | Димензии: 10х20 | Корица: /

Би можело да се каже, без претерување, дека македонската читателска публика, одамна требаше да биде почестена со едно поопсежно претставување на поетoт, чија поезија нуди изобилство од поетски слики кои се толку блиски, географски и по духот на духот на нашите градски улици од првите децении на 20 век, напишана на јазик кој исто така го чувствуваме близок. Пред книгата „Риба во шишето ракија“, поезијата на турскиот поет-меѓник Орхан Вели ѝ беше достапна како убава блиц-средба при повремените навраќања на современата турска поезија, но, секогаш во недоволна количина за да ви ја нахрани љубопитноста. Но, можеби така требало да биде, тоа да се случи на 100 годишнината од раѓањето на поетот, за кого неговите современици ќе речат дека е „поетот кој ѝ стави качкет на турската поезија“.

 

„Во својот кус живот Орхан проживеа поетска авантура колку дузина генерации француски поети. За само неколку години донесе промени на кои веројатно ќе требаше да работат здружено неколку генерации поетиÒ.

Октај Рифат, турски поет и другар на Вели

 

УБАВО ВРЕМЕ

 

Овие убави времиња ме уништија.

На вакво време си дадов отказ

кога бев службеник во вакуфот.

На вакво време пропушив.

На вакво време се заљубив.

На вакво време почнав да заборавам

да носам дома леб и сол.

И, секогаш на вакво време ми се враќа

болеста да пишувам стихови.

Овие убави времиња ме уништија.

Рангирано 5 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 220 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Риба во шишето ракија

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-019-5

1 оценка за Риба во шишето ракија

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in