Црвена кралица
Ова е свет поделен според бојата на крвта – на оние со црвена и на оние со сребрена крв.
Црвените едвај сврзуваат крај со крај, додека со светот владеат Сребрените, воини со натчовечки моќи, способности да управуваат со огнот и со водата, да владеат со природата, да предвидуваат, да исцелуваат...
Мер Бероу е Црвена девојка која на почетокот верува дека тоа е еден свет кој не може никогаш да се промени. Кога неочекувано завршува како слугинка во палатата на Сребрените, се наоѓа точно во средиштето на сето она што го мрази од дното на душата. Но, Мер набрзо потоа открива дека, и покрај црвената крв што ù тече низ вените, и таа поседува неверојатна моќ. Моќ што би можела од темел да го растресе кралството на Сребрените! Моќ што би можела да предизвика револуција!
Но, ова е свет на лаги и измами, на предавства, каде што Мер е принудена да заигра опасен танц – Црвени против Сребрени, принц против принц и самата таа против сопственото срце...
Кој ќе биде победник во светот на крвните поделби? Ќе завладее ли Црвената кралица со Сребрениот свет?
Оценки
Сѐ уште нема оценки.