Македоника 14-15
Автор:
Група автори /
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Македоника 14-15/2016 |
Бр. на страни:
156 |
Димензии:
240х170
|
Корица:
/
Горан Калоѓера од Хрватска пишува за улогата на древна Македонија и нејзините владетели Филип и Александар во формирањето на македонската национална самосвест во текот на 19 и почетокот на 20 век. Драган Зајковски за новозаветните текстови како историски извор за почетоците на христијанството во Македонија, а Александар Трајановски за дејноста на српските владици Фирмилијан и Варнава во Македонија. Владимир Јанев објавува статија за социјално-економската положба на Евреите во Македонија во текот на 18 и 19 век, а Димитар Љоровски Вамваковски за руски сведоштва за грчката политика кон османлиска Македонија во периодот на грчката „македонска борба“ во периодот од 1904 до 1908 година. Лидија Ѓурковска и Габриела Топузовска, пак, се осврнуваат на еден сегмент од историјата на македонските трговски фамилии – за аптекарската и трговската дејност на Геневи. Во овој двоброј е објавен и еден од последните трудови на Зоран Тодоровски – Поведението на ВМОРО во Првата светска војна. Љубица Јанчева и Катерина Мирчевска пишуваат за улогата на Република Македонија како субјект на меѓународната политичка сцена во периодот од 1944 до 1991 година, Невен Радически за македонско-албанските меѓунационални односи во 1968 година, а Марјан Иваноски за возобновувањето на емигрантската организација „Ослободителен комитет наМакедонија“. Борче Илиевски пишува за свештеничката конференција од мај 1946 година како етапа во решавањето на македонското црковно прашање, а се објавени осврти за книги за МПЦ на Александар Трајановски и Билјана Петковска, како и за книга на Васил Тоциновски за македонско-хрватските книжевни и културни врски. На крајот се објавени и библиографски информации за повеќе нови изданија поврзани со македонската култура и историја.
Questions and Answers
You are not logged in