Лексикон по физика
ЛЕКСИКОН ПО ФИЗИКА
Терминолошки речник • Биографски речник • Англиско-македонски речник • Германско-македонски речник • Руско-македонски речник • Француско-македонски речник
од Виктор Урумов
прв лексикон по физика на македонски јазик
***
физика (physics, Physik, физика, physique) - базична наука за Природата во која се изучува поведението на материјата во најсеопфатна смисла, од светот на микрочестичките до најголеми димензии што ја опфаќаат Вселената. Современата физика има тесни врски со други научни дисциплини: математиката, хемијата, биологијата, медицината и инженерските области. Основни методи на физиката се: набљудување, експеримент, математичка анализа, компјутерска симулација и теориско разбирање. Од истражувања во областа на физиката се развиле повеќе индустриски гранки како што се машинството, електротехниката, транспортната технологија, нуклеарната енергетика, телекомуникациите, производство на медицинска опрема, воена индустрија и др. Во неодамнешна студија се тврди дека околу 15% од богатството што денес се создава во економски развиените држави, се темели на истражувања поврзани со физиката.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.