Поезија – Бајрон, Шели, Китс

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Complete poetical works | Бр. на страни: 293 | Димензии: 20 | Корица: мека

Џорџ Гордон Бајрон, Перси Биш Шели и Џон Китс се најзначајните англиски претставници на еден од најпознатите поетски правци во историјата на книжевноста: романтизмот.

Принципот за спонтаноста и слободата е суштествен за сфаќањето на романтизмот. Слободарските идеи на романтичарите се поврзуваат и со нивниот однос кон природата која се претвора во примарен поетски предмет. Кај романтичарите доминира настојувањето дека поезијата е „одраз“ на инстинктот, интуицијата и „диктатот на срцето“, а не „сува“ логичка елаборација на искуството во „главата“.

Јунакот на Бајрон е специфичен поради тоа што е претставен како страстен талкач, мистериозен, мудар, самотен и мрачен, секогаш супериорен, полн со презир во односот со други луѓе и циничен кон институциите на општеството. Тој е бурен но самотен љубовник.

Шели се смета за храбар експериментатор и неприкосновен версификатор во долгата поетска историја на англиската поезија.

Искуството за Китс е сложен сплет од неразделни и неразрешливи спротивности; љубовта ја чувствува како највисоко посегање кон смртта; тој се стреми кон светот на совршеното и вечното, без притоа да го отфрли светот на стварното и смртното. Неговата поезија нема само висока естетска, туку и етичка димензија.

Цена: 350 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Поезија – Бајрон, Шели, Китс

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-479-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Поезија – Бајрон, Шели, Китс”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in