Духовна архива
Автор:
Лидија Давидовска
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Духовна архива |
Бр. на страни:
90 |
Димензии:
12x20
|
Корица:
/
Ретки се книгите во современата македонска поезија што не одбиваат повторно и повторно да ги отвораат „смртните прашања“ за Бог, за животот и за смислата. Во својата книга „Духовна архива“, Лидија Давидовска ги наметнува токму таквите прашања. Но тоа го прави со извонреден очудувачки конфесионален јазик, сосема доследно избегнувајќи ја замката на истрошените поетски клишеа. Давидовска знае со леснотија и алузивно да дијалогизира со туѓите поетски искуства и да приопшти нова вредност. Во нејзината поезија, исто така, се населуваат референции од социјалната и од политичката стварност, ненадејно изникнуваат иронични предупредувања и се појавуваат псевдофусноти за познати места и собитија. Но сето тоа е една силна апофатичка опомена – да се оди подалеку, подлабоко и повисоко, отаде феноменалното, за да се открие ноуменалното, она вечно ахре на светот – непринудената љубов Божја, која ѝ дава смисла на плетката наречена човечки живот.
Иван Додовски
Оценки
Сѐ уште нема оценки.