Француска историска револуција: Школата Анали, 1929-89 г
Оваа книга дава критичка историја на движењето поврзано со списанието Анали (Annales) од неговото основање во 1929 година до денес. Ова движење е единствената најважна сила во развојот на тоа што понекогаш се нарекува „нова историја“. Бурк издвојува три главни генерации во развојот на школата Анали. На првата генерација ѝ припаѓале Лусиен Фебре и Марк Блок, кои се бореле против старата историска власт и го основале списанието Анали за да поттикнат интередисциплинарна соработка. Во втората генерација доминирал Бродел, чие величествено дело за Медитеранот станало модерна класика. Во третата генерација се вбројуваат современи историчари, како што се Дуби, Ле Гоф и Ле Рој Ладури.
Сеопфатна, а, сепак, концизна, оваа достапна анализа на едно од најважните историски движења ќе биде прифатена од студентите по историја и другите општествени науки, како и од обичниот читател.
1 оценка за Француска историска револуција: Школата Анали, 1929-89 г
Questions and Answers
You are not logged in
Коле –
Катастрофа превод. Книгата треба да се повлече од продажба, да се редактира повторно и тогаш да се стави на нет.
Француска историска револуција – а бе нема таква. Има Француска буржуаска револуција, Руска револуција, но нема Француска историска револуција,
може да биде француска револуција во историографијата или слично. И имињата на Французите внатре се погрешно преведени – Хенри е англиска транскрипција на Анри итн. Хорор жив. Бруки невидени.