Француска историска револуција: Школата Анали, 1929-89 г

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: The French Historical Revolution, The Annales School, 1929-89 | Num. of pages: 160 | Dimensions: 145х207 | Cover: /

Оваа книга дава критичка историја на движењето поврзано со списанието Анали (Annales) од неговото основање во 1929 година до денес. Ова движење е единствената најважна сила во развојот на тоа што понекогаш се нарекува „нова историја“. Бурк издвојува три главни генерации во развојот на школата Анали. На првата генерација ѝ припаѓале Лусиен Фебре и Марк Блок, кои се бореле против старата историска власт и го основале списанието Анали за да поттикнат интередисциплинарна соработка. Во втората генерација доминирал Бродел, чие величествено дело за Медитеранот станало модерна класика. Во третата генерација се вбројуваат современи историчари, како што се Дуби, Ле Гоф и Ле Рој Ладури.

Сеопфатна, а, сепак, концизна, оваа достапна анализа на едно од најважните историски движења ќе биде прифатена од студентите по историја и другите општествени науки, како и од обичниот читател.

Rated 1.00 out of 5 based on 1 customer rating
(1 customer review)

Price: 490 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Француска историска револуција: Школата Анали, 1929-89 г

Category:
SKU: 978-608-247-207-2

1 review for Француска историска револуција: Школата Анали, 1929-89 г

  1. Rated 1 out of 5

    Коле

    Катастрофа превод. Книгата треба да се повлече од продажба, да се редактира повторно и тогаш да се стави на нет.
    Француска историска револуција – а бе нема таква. Има Француска буржуаска револуција, Руска револуција, но нема Француска историска револуција,
    може да биде француска револуција во историографијата или слично. И имињата на Французите внатре се погрешно преведени – Хенри е англиска транскрипција на Анри итн. Хорор жив. Бруки невидени.

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in