Историја на македонско-одринските доброволци – Том II
Автор:
Петар Дарвингов
Издавач:
Ад Вербум |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
1121 |
Димензии:
140х200 мм
|
Корица:
мека
(67) Дел I + Дел II Полковникот Петар Дарвингов во својство на началник на Штабот на Македонско-одринските доброволци или ополченски дружини 15 на број, во публикацијата во вториот том од „Историјата на Македонско-одринските доброволци“ изворно ни ги прикажува настаните поврзани со Втората балканска војна. Таа војна е позната и како Меѓусојузничка војна, затоа што довчерашните балкански сојузници се испокарале меѓу себе за нова прераспределба на македонски територии. Така довчерашните сојузници се прегрупирале, меѓу себе се испокарале, што овозможило да се создаде нова антибугарска коалиција. По Лондонскиот мировен договор, бугарската армија, меѓу нив и македонските над 15.000 доброволци, организирани во 15 ополченски-доброволни дружини, односно три бригади откако го напуштиле Одринско забрзано пристигнуваат во источниот дел на Македонија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.