Прашинки

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Прашинки | Бр. на страни: 64 | Димензии: 12x20 | Корица: /

Ристо Маџунков како некој искусен алхемичар ги наоѓа врските до атомското јадро на изразот, до неговата суштина, која ослободена претставува чиста енергија што пред нас создава чудесни поетски светови. Тој израз како да „не настанал од зборови, туку од она од што тие настанале“: прасликата на сета емоција и желба за живот, првиот ритам и пулс на зборот, впрочем крвта од која поезијата се раѓа и живее... Тој израз е јазикот на секој поет што има што да каже.

Восхитуваат актуелноста и современоста на поезијата во „Прашинки“. Во неа се препознава духот на времето и таа вибрира со сензибилитетот на читателот. Ристо Маџунков ни укажува колку лесна работа е (за него) да се создадат нови поетски светови; и не само тоа, тој пред сите нас ни открива и како го прави тоа: од истите елементарни честички, од нук­леусите од кои е создаден универзумот – „она од што се соз­дадени зборовите“ („На почетокот беше зборот?“), всушност прашинки, какви што и самите сме, оти од прав сме создадени и во прав еден ден ќе се вратиме“.

Трајче Бјадов
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 200 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Прашинки

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-228-1

2 оценки за Прашинки

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in