Островот на сините делфини
Далеку од брегот на Калифорнија се издигнува една груба карпа позната како островот Сан Николас. Сините делфини плискаат во водата околу него, морските видри си играат во појасите од алги и морските птици си лежат на карпите. Некогаш, на островот живееле и Индијанците – сè додека еден ден не решиле да заминат и да испловат кон исток.
Зад нив останала една млада девојка.
Таа девојка е Карана. Од година во година, го чека бродот да се врати. Но никогаш не се враќа. Најпосле, сфаќа дека мора да донесе судбоносна одлука: да тргне по нив сама, или да остане сама на островот до крајот на животот.
Островот на сините делфини е добитник на медалот „Њубери“ во 1961 година.
Скот О’Дел e добитник на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ во 1972 година
Оценки
Сѐ уште нема оценки.